Кошаркарите на АВ Охрид ја забележаа првата победа во Супер лигат, откако во Куманово со 79-66 (27-25, 22-14, 17-14, 13-13) го совладаа истоимениот состав во втората рунда од елитната конкурецнија.

„Галебите“ го одиграа најдобриот меч сезонава во сите конкуренции и доминатно стигнаа до победа добивајќи ги три почетните четвртини, додека четвртата заврши егал.

Домашниот состав водство имаше од шест поени (10-4) на почетокот на мечот, но охриѓани со ефикасна игра во напад ја надохнадија негативата и успеаја да поведат (27-25). Најдоброто од себе охридските кошаркари го пружија во втората четвртина. Одбраната функционираше беспрекорно, а нападот беше шлагот на тортата за двоцифрена предност (49-39) после дваесет минути игра.

Во третиот период охриѓани ја одржуваа разликата од десет поени покрај големиот налет на домашните кошаркари. Кумановчани не се предадоа ниту во третиот квартал кој изгубија (17-14), ниту во решавачкиот четврти кој заврши 13-13. Сепак, квалитетот овој пат беше на страната од охриѓани и заслужено се радуваа победа после два порази во дуелите со Куманово

Најпрецизен во составот на АВ Охрид беше Мирза Ахметбашиќ со 28 поени, а двоцифрен учинок имаа Рос Кенет (15п), Глигоријевиќ (11п) и Зимиќ (11п). Кај домаќините по 15 кошеви реализираа Караколев, Џекиќ и Јанески.

Во македонската кошарка следува недела дена пауза, а АВ Охрид во третата рунда силите ќе ги одмери со Блокотехна на домашен терен.

OhridNews