Екипите на Работнички и Тинекс Пролет со победи над Радовиш (33-26) односно Борец (22-17) пред своите гледачи го отворија третото коло од ракометната Супер лига.


Радовиш трисетина минути му пружи одличен отпор на Работнички. Домаќините со неколку гол серии се одлепија на семафарот и ги зграпчија бодовите.

Непоразената екипа на Борец падна на теренот од Тинекс Пролет кој ја забележа втората победа сезонава.

Гостите од Велес немаа одговор за цврстата одбрана на „пролетерите“ која заедно со ефикасниот напад им донесе нови два бодови на табелата.

Третото коло во Супер лигата ќе продолжи со мечевите Вардар Јуниор – Пелистер и Прилеп – Металург 2 додека мечот меѓу Охрид и Металург е одложен.

Фото : 24ракомет.мк
Мх.П.