Втората екипа на Металург и Пелистер во деветтата рунда од Супер лигата забележаа победи по мерка за Охрид совладувајќи ги директните ривали Радовиш односно Прилеп.
Металург со 33-26 на гостински терен во Радовиш го освои целиот плен додека „зелено белите“ со 27-26 во соседската пресметка триумфираа против Прилеп.
Поразите на Прилеп и Радовиш одат во прилог на охирдските ракометари кои со победа над Работнички ќе избијата на третата позиција.
Резултати : Пелистер – Прилеп 27-26, Тинекс Пролет – Преспа 34-19, Радовиш – Металург 2 26-33, Охрид – Работнички, Текстилец – Зомимак.
Мх.П.