Четирите екипи претенденти за највисок пласман во регуларниот дел од Супер лигата Металург, Бутел Скопје, Пролет и Охрид имаа старт со победи во новата сезона од македонскиот ракометен шампионат.

Најтешко до победа стигна Металург кој после голема борба го скроти и го совлада составот на Еурофарм Пелистер 2 со 25-21. Најлесно помина Бутел Скопје кој со двоцифрена разлика го победи Работнички (33-23), додека Пролет и Охрид лесно се справија со дебитантите Јуниор Кисела вода односно Голден Арт КЛ7 триумфирајќи со 26-20 односно 29-23.

Најпријатно изненадување во првата рунда е победата на Астарион над Радовиш со тесен резултат 34-33. Поранешниот ракометар на Охрид Мите Караиванов постигна 15 погоди и ги одбележа мечевите во првата рунда од Супер лигата.

Резултати:

Група А: 

Јуниор КВ-Пролет 20-26

Астрaион-Радовиш 34-33

Голден Арт КЛ7-Охрид 23-29

Група Б

Металург-Еурофарм Пелистер 2  25-21

Работнички-Бутел Скопје 23-33

Младост Богданци-Тиквеш 27-25

OhridNews
Фото: Гол.мк

 

Охрид подобар од Голден Арт КЛ7 за успешен старт во Супер лигата