Охридските ракометари во втората рунда ги освоија првите бодови во Супер лигата победувајќи го Металург 2 на гостински терен 29-20.


Победата која не беше доведена под знак прашалник во ниту еден момент е добра за охридските ракометари за враќањето во колосек по не толку добрата престава на премиерата од Супер лигата.


Охриѓани го симнаа психолошкиот товар од своите плеќи и во мирна атмосфера на тренинзите можат да се подготвуваат за предизвиците кои доаѓаат.

Резултати : Металург 2 – Охрид 20-29, Пелистер – Пролет 30-21, Борец – Прилеп 25-20, Вардар Јуниор – Радовиш, Металург – Работнички.

Табела : Борец 6, Металург 3 (-1), Работнички 3 (-1), Пелистер 3, Охрид 3, Прилеп 3, Пролет 3, Радовиш 0 (-1), Вардар 0 (-1), Металург 2 0.

Мх.П.