Екипата на Радовиш во последната рунда од регуларниот дел во Супер лигата на гостински терен го совлада Куманово со убедливи 34-24. Со оваа победа ракометарите на Радовиш ќе пренесат три бодови во „плејаут“ лигата и во голема мера веќе го обезбедија опстанокот во лигата.

Од триумфот на Радовиш профитираше и охридската екипа, која разигрувањето за опстанок ќе го започне со 14 бодови, а Куманово остана на деветте бодови.

За опстанок на охриѓани неопходни му се победи пред своите гледачи за и следната сезона Охрид да биде дел од елитниот ракометен мозаик.

Последниот дуел од првиот дел во Супер лигата охридските „гладијатори“ против Металург Јуниор ќе го одиграат в среда на деветти април.

Резултати 18-та рунда : Куманово – Радовиш 24-34, Пролет – Преспа 23-23, Овче Поле – Пелистер 21-43, Текстилец – Зомимак одложена, Охрид – Металург Јуниор одложена.

Табела, 18 коло: Зомимак М – 46 бода, Пролет 41, Пелистер 34, Металург јуниор 31, Радовиш 30, Преспа 17, Охрид 15, Kуманово 15, Текстилец 13, Овче Поле 11.

Мх.П.