Ракометарите на Охрид го совладаа Пролет во Скопје 28:32, полувреме 13:15, во натпреварот од 5 коло од ракометниот плеј-оф, што се одигра вечерва во Скопје.

„Гладијаторите“ имаа водство во најголемиот дел од мечот и успеаја да го исконтролираат резултатот до самиот крај.

Најефиксни во побеничкиот тим беа Цирар со 12 и Орјоникидзе со 8 гола, а голманот Ѓорѓески мечот го заврши со 12 интервенции.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ојлески 4, Мацуока, Јукиќ 2, Дрогришки, Пелидија, Шипинкоски, Ристевски, Тасески 1, Шафранко 2, Кукоски, Крстевски 1, Орјоникидзе 8, Бојаниќ 2, Цирар 12.

Оваа победа го искачи Охрид на врвот на табелата со 14 бода колку што има и лидерот Еурофарм Пелистер кој, исто така вечерва, игра на гости со Тиквеш.

Во првенството следи репрезентативна пауза по која Охрид на домашен терен го пречекува Вардар.

Г.М.