ГРК Охрид на стартот од разигрувањето за шампионската титула и местата кои водат во Европа гостува во Скопје на Бутел.

Екипата е фокусирана на мечот кој ќе биде голем тест за можностите на „Гладијаторите“ кои на гостувањето на жешкиот терен во Бутел ќе ја имаат поддршката од навивачката група „Рибари“ која се мобилизира за гостувањето во Скопје.

Сите знаеме дека во овој дел од сезоната нема лесен противник и треба да бидеме максимално сконцентрирани и посветени на тоа што го работиме за на крај ние да бидеме екипата што се радува, изјави столбот на одбраната на ГРК Охрид, Милорад Кукоски.

Натпреварот помеѓу Бутел и Охрид се игра на 10 февруари, сабота, со почеток во 18 часот.

Г.М.