Алкалоид го совлада ГРК Охрид 31:23, полувреме 15:10, во натпреварот од 11 коло од плеј-офот во Супер лигата, што се одигра вечерва во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Слабиот почеток на натпреварот беше пресуден за поразот на Гладијаторите, кои и покрај добро одиграното второ полувреме не можеа да ја достигнат предноста на домаќинот.

Најмногу голови за ГРК Охрид постигнаа Рустамов 6, Цирар 5 и Тасески 4.

Фото галерија:

OhridNews

Фото: А.Момироска