Без ппбедник, 25:25, заврши натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Бутел што се одигра вечерва во салата “Билјанини Извори” во рамки на плејофот од ракометната Супер лига. .

“Гладијаторите” пропуштија шанса за победа откако во последниот напад лошо искомбинираа.

Скопјани отворија со водство, во 5та минута поведоа со 2:4, а во 15та имаа +3.

Во еден момент Бутел поведе и со пет гола разлика, но Охрид успеа во финишот да го намали водството за 14:17 на полувреме .

Охрид подобро го отвори второто полувреме. Најпрвин намали на – 1, а  на средина од полувремето резултатот беше израмнет 20:20.

Во следните минути Охрид комплетно ја презеде играта, поведе 23:21 и имаше контра за +3, но Младеновиќ не реализираше зицер, по кој домаќинот падна во играта. Бутел комплетно се вратни во натпреварот, израмни, а во финишот и поведе 25:24.

Николов од пенал израмни 25:25. Бутел тргна во напад за победа но  извонредниот Брауновиќ со уште една бравурозна интервенција им овозможи на соиграчите напад за победа, кој Охрид не го реализираше.

Мечот изобилуваше со голем број грешки од двата тима, но и од судиската двојка.

Г.М