Со натпреварите од второто коло, викендов продолжува плеј-офот во ракометната Супер лига.
ГРК Охрид по победата над Пелистер 2 во Битола на стартот од разигрувањето, оди на мегдан на шампионот Вардар. Мечот ќе се одигра денеска (сабота) во салата „Билјанини извори“ во Охрид со почеток во 18:30 часот.
За натпреварот постои големо интересирање, а се мобилизира и навивачката група „Рибари“ која по бојкотот на полусезоната се врати на трибините на натпреварите на ГРК Охрид.
Во останатите средби од 2 плеј-оф коло, утре се среќаваат: Еурофарм Пелистер – Алкалоид, Бутел – Еурофарм Пелистер 2 и Пролет – Тиквеш.
На табелата води Вардар со 6 бода колку што на втората позиција има Еурофарм Пелистер, следи Охрид со 3 бода колку што има и Алалоид, Пролет 2, Тиквеш 1, Еурофарм Пелистер 2 – 1, Бутел 1.
Г.М.