Алкалоид убедливо го совлада ГРК Охрид 42:31, полувреме 22:14, во дербито од 11 коло од ракометниот плеј-оф.
Натпреварот течеше во еден правец, а Охрид денеска немаше решение за нападот на Алкалоид. Гостинските голмани искомбинираа само три одбрани, додека Трајковски на голот на Алкалоид имаше 12 одбрани.
Со оваа победа Алкалоид со камата му наплати на Охрид за поразот од 4 коло од плеј-офот кога „Гладијаторите“ славеа со 30:26.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Мацуока со 7 гола, Орјоникидзе постигна 5. Кај Алкалоид Стојковиќ и Митев стрелаа по седум пати.
Статистика ГРК: Охрид: Ѓорѓески, Ристевски, Ојлески 3, Мацуока 7, Јукиќ 4, Стоилевски 1, Дрогришки, Пелидија 2, Тасески 2, Шафранко, Куковски, Крстевски, Шешиќ 1, Орјоникидзе 5, Бојаниќ 2, Цирар 4.
Охрид на три кола пред крајот е четврти со четири бода минус зад третопласираниот Алкалоид.
До крајот на првенството остануваат уште три кола во кои Охрид дома го пречекува Пролет, гостува на Вардар и во последното коло е домаќин на Тиквеш.
Г.М.