ГРК Охрид води 14:8 на полувреме од напреварот од 7 коло од плеј-офот, што се игра попладнево во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Охрид добро го почна мечот, поведе со 2:0, а во десеттата минута имаше +3 (6:3), Во 18 минута „гладијаторите“ ја имаа првата поосетна предност 10:5. Бутел немаше одговор за играта на Охрид кој до крајот на првото полувреме се одлепи на +6.

Охрид во натпреварот влезе мотивиран да ја напушти осмата позиција на табелата и да го зголеми бодовното салдо во разигрувањето на најдобрите во Супер лигата, кое стана супер интересно по изненадувачката победа на Алкалоид над шампионот Вардар, со што  шампионатот станува максимално интересен и неизвесен

Г. Момироски
Фото: Бобан Стојаноски