По тринеделната пауза продолжуваат натпреварите од плеј-офот во ракометраната Супер лига. Пред ГРК Охрид е тешко гостување во Скопје, но „гладијаторите“ се подготвени да дадат максимум во борбата за 3 бода.

Во сабота не очекува тешко гостување во Скопје. Знаеме кој е вардар и што значи овој клуб во светот на ракометот. Одиме таму по 3 бода како и на секој натпревар и ќе бидеме максимално подготвени и фокусирани, изјави десниот бек на ГРК Охрид, Никола Јукиќ.

Натпреварот Вардар – Охрид се игра во сабота, 25 мај, во салата „Јане Сандански“, со почеток во 16 часот.

Г.М.