Ракометарите на Охрид во рамки на 12 коло од плеј-офот, денеска, ја пречекуваат екипата на Пролет Тинекс, од која претрпеа незгоден пораз во првиот дел од разигрувањето. Но, сега работите значително се изменети. Охрид по серија добри резултати се врати во игра за 4-то место кое води во Европа.
„Гладијаторите“ со оптимизам влегуваат во мечот со Пролет, најавувајќи сериозен пристап и пожртвувана игра во текот на сите 60 минути.
Натпреварот Охрид – Пролет се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот. Натпреварот може да се следи и на следниот линк:
Охрид по 11 кола е на 5 место со 12 бода, два помалку од Тиквеш кој е четврти. Кавадарчани денеска од 18 часот се среќаваат со Еурофарм Пелистер 2 во Битола. Вчера, во дербито на сезоната, Е. Пелистер го совлада Вардар и направи голем исчекор кон освојување на шампионската титула во ракометното првенство, прва по 18 години.
Г.М.