Покрај ремито во меѓусебната пресметка во Битола, Пелистер и Охрид останаа на врвот од табелата по комплетирањето на шестата рунда во Супер лигата.
Шестото коло во елитната ракометна лига помина без изненадувања. Фаворитите Еурофарм Работник и Прилеп на домашен терен запишаа нови три бодови победувајќи ги Металург 2 односно Работнички.
Интересни мечеви до самиот крај одиграа Вардар Јуниор – Борец (31-31) и Пролет со Радовиш во кој домаќините славеа со 23-22.
Резултати: Прилеп – Работнички 39-29, Пролет – Радовиш 23-22, Пелистер – Охрид 26-26, Вардар Јуниор – Борец 31-31, Еурофарм Работник – Металург 2 38-24.
Табела: Пелистер 13, Охрид 13, Еурофарм Работник 12, Прилеп 12, Пролет 10, Радовиш 9, Металург 2 8, Борец 5, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.
OhridNews