Екипата на Пелистер прокнижи нови три бодови на табелата, откако на домашен терен со 25-14 (9-9) го совлада тимот на Радовиш.


„Зелено белите“ до третиот триумф во четвртиот натпревар сезонава стигнаа со перфектна игра на стартот од првиот дел и цело второ полувреме.

Одбраните на Кирил Колев, домашните ракометарите ги искористија и стигнаа до прва повисока предност (5-2). Гостинскиот состав се консолидираше и до крајот на првиот дел успеа да ја анулира предноста за егал (9-9).

Радовиш, со гол го започна второто полувреме, но после тој погодок не постигна повеќе од десет минути, а домаќините постигнаа девет за 18-10 на семафорот.

Битолчани рутински го спроведоа мечот во завршницата и запишаа нови три бодови кои ги лансираа на врвот од табелата.

OhridNews