Поразот до Зомимак во третата рунда ги чинеше охридските ракометари пад од четири места на табелата во Супер лигата.
Со четири бодови избраниците на охридскиот стратег се наоѓаат на седмата позиција, а со исто толку бодови во втората рунда беа на третата.
Можност за враќање во горниот дел од табелата охриѓани ќе имаат викендов кога на домашен терен го пречекуваат Радовиш.
Резултати : Зомимак – Охрид 28-19, Прилеп – Металург 2 29-28, Радовиш – Пелистер 27-18, Текстилец – Пролет 22-36, Преспа – Работнички 25-33
Табела : Зомимак 9, Металург 2 6, Тинекс Пролет 6, Радовиш 6, Работнички 6, Охрид 4, Прилеп 4, Преспа 3,Пелистер и Тексилец без бодови.
Мх.П.