Екипата на Еурофарм Работник од Битола славеше над Охрид, во дерби натпреварот од машката ракометка Супер лига, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“. Гостите забележаа победа 21:26, полувреме 12:15.

Фаворизираните гости имаа константно водство во текот на речиси целиот натпревар кое се движеше од 2-4 гола, но до последните минути стравуваа за бодовите, затоа што Охрид и покрај „тенката“ клупа, беспоштедно се бореше за секоја топка, за секој погодок.

На неколку пати охриѓани во вториот дел стигнуваа на чекор до израмнување благодарение на извонредните одбрани на Колев, но не успеаја да го загрозат водството на противникот. Поширокиот ростер и квалитет на играчи во битолскиот состав во клучните моменти го одлучија победникот.

OhridNews