Охридските ракометари по два одиграни натпревари во Супер лигата котираат на високата трета позиција на табелата со четири освоени бодови.

„Гладијаторите“ заедно со екипите на Зомимак и Металург 2 кои имаат по шест бодови се уште го немаат осетено вкусот на поразот.

Наспроти нив Пелистер и Текстилец го делат последното место откако не освоија ниту еден бод на двата натпревари.

Табела : Металург 2 (6 бодови), Зомимак 6, Охрид 4, Тинекс Пролет 3, Радовиш 3, Работнички 3, Преспа 3, Прилеп 1, Пелистер и Тексилец без бодови.

Мх.П.