Ракометарите на Охрид ја забележаа третата победа во четвриот натпревар во плејаут лигата совладувајќи го Металург 2 со убедливи 27-17 (12-9).
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски на теренот од противникот одиграа фуриозен и мошне квалитетен натпревар во двата правци.
Предноста од три погодоци од првиот дел „гладијаторите“ во вториот ја зголемија за уште седум за голема победа од десет разлика (27-17).
Најефикасен во охридскиот состав беше Мите Караиванов со 8 голови. Бекот Борче Соколов постигна четири, а по него следуваа Бојан Белевски, Валентино Белевски и Милан Левов со три голови.
Два пати мрежата ја погодоци Атанас Поп-Стефанија, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Константин Вешоски, Иван Тасески, Аце Трифуноски и Горан Печенковски.
В сабота пред своите гледачи во петтата рунда од плејаут лигата охридските ракометари ќе се сретнат со последнопласираниот на табелата Текстилец.
Мх.П.