„Гладијаторите“ ја запоседнаа втората позиција на табелата во Супер лигата по победата над Борец пред своите гледачи.


Претпоследно пласираниот тим на табелата беше лесен залак за охридските ракометари кои наговестуваат плодна пролет во елитата.

После комплетирањето на 15-та рунда се разрешија сите дилеми околу пласманот на екипите во плејофот односно плејаутот.

Резултати: Радовиш – Металург 2 32-22, Охрид – Борец 30-21, Вардар Јуниор – Пролет 23-26, Металург – Пелистер 29-23, Работнички – Прилеп 34-25.

Табела: Металург 45, Охрид 33, Прилеп 30, Работнички 30, Вардар Јуниор 18, Радовиш 18, Тинекс Пролет 18, Борец 16, Пелистер 15, Металург 2 1.

OhridNews