Ракометарите на Охрид ја продолжија победничката серија во Супер лигата, откако славеа со 30-28 против Прилеп на домашен терен во „Билјанини Извори“ во осмата рунда од првенството.
„Гладијаторите“ со трите бодови се искачија на втората позиција прескокнувајќи го Еурофарм Работник кој изгуби од Пелистер во битолското дерби (25-17).
Токму, Пелистер кој е лидер на табелата е следен противник на охридските ракометари во Супер лигата. Дербито се игра во Битола во среда.
Резултати: Охрид – Прилеп 30-28, Еурофарм Работник – Пелистер 17-25, Радовиш – Борец 25-21, Металург 2 – Пролет 29-33, Вардар Јуниор слободен.
Табела: Пелистер 18, Охрид 16, Пролет 16, Еурофарм Работник 13, Радовиш 10, Борец 7, Прилеп 6, Металург 2 4, Вардар Јуниор 3.
Двојки 9.коло: Прилеп – Радовиш, Пелистер – Охрид, Вардар Јуниор – Еурофарм Работник, Борец – Металург 2, Пролет слободен.
OhridNews