Ракометарите на Охрид со сигурна игра извојуваа висока победа на гостувањето во Битола. Во рамки на 11то коло од Супер лигата, група А, вечерва во салата „Боро Чурлевски“, Еурофарм Пелистер 2 – ГРК Охрид 19:29, полувреме 7:15.
По воведните минути и резултат 2:2, „Гладијаторите“ презедоа се во свои раце и максимално го исконтролираа натпреварот до самиот крај. Високото водство освоено во првото полувреме, Охрид во вториот дел го зголеми и на крај оствари заслужена висока победа.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Орјоникидзе Теимураз со 8 постигнати погодоци.
Статистика ГРК Охрид: Орјоникидзе Теимураз 8, Гоце Ојлески 6, Гал Цирар 6, Деан Шешиќ 4, Владимир Бојаниќ 2, Стефан Дрогришки 1, Иван Тасески 1, Рудолф Шафранко 1.
Во следното коло ГРК Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Тиквеш во натпревар кој во голема мера ќе го одреди изгледот на табелата во групата А од Супер лигата.
Фото галерија:
OhridNews
Фото: Бобан Стојаноски