Охридскиот ракометен состав во осмата рунда од овогодинешниот шампионат во Супер лигата гостува кај тимот на Тинекс Пролет.


Формата на „гладијаторите“ и одличните резултати сезонава ветуваат многу, но охриѓани против себе ќе имаат мотивирани домаќини и традиција.

Во четирите претходни меѓусебни пресметки „пролетерите“ победуваа на сите четири, а ракометарите на Охрид подготвени се да ја прекинат доминацијата на скопјани.

Охридскиот стратег Горан Андоновски нема проблеми со повредени ракометари освен Мите Караиванов кој по успешна операција ќе отсуства до крајот на полусезоната.

Двојки : Тинекс Пролет – Охрид, Прилеп – Металург, Металург 2 – Пелистер, Борец – Радовиш, Вардар Јуниор – Работнички.

Табела : Работнички 18, Металург 18 (-1), Охрид 15, Прилеп 12, Вардар Ј. 12, Пролет 9, Радовиш 9, Борец 6 (-1), Пелистер 3, Металург 2 0.

Мх.П.