Мечот од шестата рунда во Супер лигата меѓу Охрид и Текстилец, кој ќе се одигра в сабота во 19:30 часот ќе судат битолските судии Александар Стефаноски и Игор Огненов.


Сезонава судискиот тандем од Битола му нема судено на Охрид, но минатата тие го водеа натпреварот со Работнички, кој се одигра во Првата машка ракометна лига.

Тогаш „гладијаторите“ славеа триумф од три голови разлика, а сега атакуваат на нова победа овој пат против Текстилец.

Мх.П.