Ракометарите на Охрид викендов остварија рутинска победа во Радовиш против истоимениот противник 19:26, полувреме 7:10. Ова е трета победа по 4 одиграни средби во Супер лигата за ГРК Охрид.

Првото дерби во македонското ракометно првенство му припадна на Вардар кој синоќа во СЦ „Јане Сандански“ го победи Еурофарм Пелистер со 29:25.

Предводник на „црвено-црните“ до триумфот над битолчани беше Тимур Дибиров со 10 голови, во поразениот тим се истакнаа Стипе Мандалиниќ и Томислав Кушан со по пет погодоци.

Вардарци со максимални четири победи и 12 освоени бода се лидери на табелата во Суперлигата. Еурофарм Пелистер го запиша првиот пораз и со девет бода е во групата на пет екипи од второто до шестото место, меѓу кои е и ГРК Охрид.

OhridNews