Охридскиот ракометен клуб со гостинскиот триумф над Пролет ги „нахрани“ плејоф амбициите кои од натпревар во натпревар стануваат реалност.


Шесте победи во осумте суперлигашки натпревари го сместија охридскиот состав во самиот врв на табелата рамо до рамо со Работнички.

„Романтичарите“ во Кале од младата екипа на Вардар претрпеа минимален пораз 26-25 кој е втор сезонава за конкурентот за висок пласман.

Резултати : Пролет – Охрид 20-24, Вардар Јуниор – Работнички 26-25, Металург 2 – Пелистер 20-26, Прилеп – Металург 27-32, Борец – Радовиш 25-32.

Табела : Металург 21 (-1), Охрид 18, Работнички 18, Вардар 15, Прилеп 12, Радовиш 12, Пролет 9, Пелистер 6, Борец 6 (-1), Металург 2 0.

Двојки (9.коло) : Охрид – Вардар Јуниор, Работнички – Металург 2, Радовиш – Прилеп, Металург – Пролет, Пелистер – Борец.

Мх.П.