Охридските ракометари, натпреварите во супелигашката конкуренција ќе ги продолжат против Работнички на гостински терен во Скопје. Мечот од 11-та рунда во ракометниот шампионат се игра в недела со почеток во 13 часот во салата „Кале“.
„Гладијаторите“, се наоѓаат во одлична позитивна серија и се освен победа против Работнички ќе биде големо изненадување. Избраниците на Раде Стојановиќ подготвени се за одговор на предизвикот и атак на нови бодови со кои ќе дојдат уште еден чекор поблиску до остварувањето на целта-пласман во плејофот и првите две позиции на табелата.
Судиите натпреварот се Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје, додека делагат е Лери Мирчевски исто така од Скопје.
Двојки 11.рунда:
Радовиш – Бутел
Пелистер – Струга
Работнички – Охрид
Пролет – Металург 2
Вардар Јуниор – Металург
Табела: Металург 26, Охрид 25, Бутел 24, Пролет 20, Радовиш 15, Вардар Јуниор 15, Пелистер 8, Работнички 4, Металург 2 4, Струга 4
OhridNews