Охридскиот ракометен состав на гостински терен против втората екипа на Металург ќе брка нови бодови во Супер лигата.


Новонастаната ситуација во тимот на Металург никако не смее да ги залажува ракометарите на Охрид кои сезонава играат солидно на гостинско тло.

Во четирите одиграни натпревари охриѓани имаат две победи против Текстилец и Пелистер, реми со Прилеп и пораз од Зомимак, а дуелот со Металург ќе биде вистински тест за можностите на „сините“.

„Гладијаторите“ заостануваат два бодови зад второпласираниот Металург, а со победа ќе го прескокнат на табелата и ќе се зацврстата во горниот дел.

Одиме момци !

Ohridnews