ГРК Охрид загуби на гостувањето во Скопје од Вардар 29:26, полувреме 14:11, во дерби натпреварот од 10 коло од Супер лигата.

Охрид одигра променливо прво полувреме во кое имаше и водство во одреден дел но кризата од пет минуту без постигнат гол го чинеше негатива од три разлика на паузата, 14:11.

Во вториот дел Охрид со серија од 4:0 го презеде водствоѕо кое го чуваше до средина на полувремето кога „Гладијаторите“ имаа 18:20. Вардар се врати во игра, се играше гол за гол кога Охрид повторно застана, а домаќинот со серија 6:2 во финишот створи недостижна предност и стигна до победа 29:26.

Најефикасен во редовите на Охрид беше пикерот Пешиќ со 7 гола, а кај победникот Петриќ постигна 6 погодоци.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски (8 одбрани), Ојлески 1, К. Андоновски, Мацуока, Јукиќ 2, Шипинкоски, Бура, Тасески 2, Јотиќ 4, Куковски, Пешиќ 7, Кукуловски, Орјоникидзе 5, Бојаниќ 2, Цирар 3, Ѓорѓески.

Вардар со оваа победа го прескокна Охрид на табелата и сега тој е втор со 18 бодови, Охрид има 16, а Пелистер 14 и меч помалку. Води Алкалкоид со максимални 20 бода.

Во првенството следи репрезентативна пауза по што Охрид на домашен терен ќе го пречека лидерот Алкалоид.

Г.М.