ГРК Охрид го совлада Бутел 26:23 (11:9) во натпреварот од 2 коло од Супер лигата, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Бутел подобро го отвори натпреварот и константно беше во водство се дофинишот на полувремето кога Охрид најпрвин израмни, а потоа и го презеде водството кое не го испушти до крајот на мечот.

Во второто полувреме „Гладијаторите“ рутински го одржаа водството и не дозволија во ниту еден момент да биде загрозена победата.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски 1, Ојлески 3, Муцуока 3, Јукиќ 3, Костов, Ристевски, Бура, Тасески 1, Шафранко 6, Кукоски, Крстевски, Пешиќ, Кукуловски 1, Орјоникидзе 2, Бојаниќ 1, Цирар 5.

Статистика РК Бутел Скопје: Субашевски, Тодески 2, Георгиевски 7, Николов 2, Стоајноски, Тасовски 1, Т. Узунчев, Д. Узунчев, Милошески 3, Киселковски, Каевски 2, Блажевски, Михајловиќ 5, Цветковски, Шолиќ 1, Давитковски.

Во следното коло Охрид му гостува на Прилеп.

Г.М.