Ракометарите на Охрид со победа ги завршија натпреварите од групата А во Супер лигата. Во последното коло од регуларниот дел, вечерва во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид ја совлада екипата на Скопје 34:24, полувреме 16:12, со што и формално го потврди пласманот во плеј-офот.
Најефикасни во редовите на Охрид беа Шипинкоски и Орјоникидѕе, а кај гостите Чакалиќ.
Статистика ГРК Охрид: Бркиќ, Ѓорѓески, Речкоски, Ојлески 1, К. Андоновски 1, Стоилевски 5, Шипинкоски 6, Ристески 1, Тасески 2, Шафранко 3, Крстевски 1, Шешиќ 3, Каракоч, Орјоникидѕе 6, Бојаниќ 3, Цирар 2.
Статистика РК Скопје: Стојковски, Фидановски 2, Мишевски 2, Чакалиќ 7, Тркалевски 0, Јакимовски 1, Ристовски 1, Стојкоски 0, Фичороски 2, Грујовски 3, Стојановски 2, Ристески 1, Рангелов 2, Ковачевиќ 1.
Во ракометното првенство во Супер лигата следи зимска пауза, по што почнуваат натпреварите од плеј-офот. Со колку бода ќе влезе Охрид во разигрувањето ќе зависи од исходот од натпреварот помеѓу Тиквеш и Алкалоид.
Г.М.