Битолските екипи Пелистер и Еурофарм Работник забележаа нови во Супер лигата совладувајќи ги Пролет (29-25) односно Радовиш (34-18) во 12-та рунда од националниот шампионат.
Пелистер три бодови запиша со триумфот во дербито со Пролет, додека „фармацевтите“ го растурија Радовиш во буквална смисла на зборот.
Ракометниот клуб Охрид паузираше во 12-та рунда и во следната 13-та гостува во Радовиш кај истоимената екипа.
Резултати: Вардар Јуниор – Металург 2 27-28, Пелистер – Пролет 29-25, Еурофарм Работник – Радовиш 34-18, Борец – Прилеп.
Табела: Пелистер 30, Еурофарм Работник 22 (-1), Пролет 22, Охрид 19 (-1), Радовиш 14, Борец 10, Прилеп 10, Металург 2 7, Вардар Јуниор 3.
OhridNews