Ракометариоте на Охрид втор пат сезонава се поразени од Алкалоид, и втор пат со 6 голови разлика. Вечерва во салата „Автокоманда“ Алкалоид – Охрид 30:24, полувреме 15:12.
Првото полувреме донесе израмнета игра. Двете екипи имаа падови и периоди без постигнат гол, а голманите на обете страни со извонредни интервенции ја одржуваа неизвесноста. Благодарение на грешките на Охрид во финишот Алкалоид обезбеди +3 на полувреме.
На почетокот на вториот дел Алкалоид ја зголеми предноста на +5 (20:15). Охрид возврати со два гола, но потоа дојдоа две едно по друго исклучувања кои Алкалоид умешно ги искористи. Ѓорѓески и Бркиќ кој одбрани неколку зицери, беа одлични на голот на Охрид, а на спротивната страна блескаше голманот Галевски со 16 одбрани.
Серафимов и Бинго кај Алкалоид беа најефикасни кај Алкалкоид со по 6 гола. Исто толку на спротивната страна постигнаа Орјоникидѕе и Бојаниќ.
Статистика ГРК Охрид:
Бркиќ, Ѓорѓески, Ојлески, К. Андоновски, Стоилевски, Дрогришки 1, Шипинкоски, Д. Андоновски 1, Тасески 3, Шафранко 2, Кукоски, Крстевски 2, Шешиќ, Орјоникидѕе 6, Бојаниќ 6, Цирар 3.
Во Супер лигата следи пауза поради ЕХФ неделата.
Г. Момироски
Фото: А. Момироска