Охридската телевизија „ТВМ“ ракометниот меч од Супер лигата меѓу Охрид и Металург 2, кој ќе се одигра в недела во 15 часот ќе го пренесува директно на својата програма.


Четири години ТВМ ги реемитува натпреварите на Охрид од „Билјанини Извори“, а за прв пат телевизијата ќе врши и директен пренос.

– На големо задоволство од гледачите нашата телевизија за прв пат ќе работи директен пренос од спортски натпревар во Охрид. Ние како прва приватна и водечка телевизија во регионов во иднина ќе внесеме повеќе новитети и ќе продолжиме да се надоградуваме. – рече за Ohridnews, уредникот во ТВМ, Ирена Арнаудова.

За „гладијаторите“ ова е последен натпревар пред своите гледачи во регуларниот дел од Супер лигата.

Мх.П.