Во последната рунда од регуларниот дел во Супер лигата, ракометарите на Охрид во меч без резултатско значење ќе се сретнат со Металург Јуниор.

„Јуниорите“ во 17-та рунда на домашен терен совладувајќи го Тинекс Пролет со 27-21 го обезбедија местото во разигрувањето за титулата.

Покрај втората екипа на Металург во разигрувањето патуваат Тинекс Пролет, Пелистер и лидерот на табелата Зомимак, а ќе му се приклучат Вардар и Металург.

Шест екипи во кои е и Охрид ќе се борат да ги избегнат последните две места од кој едното води еден ранг подолу, а другото бараж натпревар за опстанок.

Мх.П.