Во трите одиграни натпревари од 12-та рунда во Супер лигата само охридскиот состав успеа да извлече бодови од гостински терен.
„Гладијаторите“ со 32-24 го совладаа составот на Преспа во Ресен и стигнаа до петтиот триумф сезонава во елитата.
Пред своите гледачи на победи се радуваа Радовиш и Прилеп кои ги совладаа Тинекс Пролет односно Работнички.
Резултати : Преспа – Охрид 24-32, Радовиш – Тинекс Пролет 24-22, Прилеп – Работнички 30-23, Текстилец – Металург 2, Зомимак – Пелистер.
Табела : Зомимак 30 (-1), Металург 2 22 (-10; Прилеп 22, Радовиш 18, Охрид 17, Тинекс Пролет 15, Пелистер 12 (-2), Работнички 10, Преспа 6 (-1), Текстилец 0 (-1).
Мх.П.