Ракометарите на Охрид имаат водство 16:11 на полувреме од дерби натпреварот од претпоследното коло од регуларниот тек во Супер лигата.

„Гладијаторите“ играат разноврсно и течно во нападот, силно во обраната и таквата игра им донесе осетна предност по првите 30 минути од мечот што се игра во одличен амбиент во салата „Билјанини извори“.

Натпреварот нема да донесе промени во пласманот на Охрид кој е 4-ти на табелата, но се игра за престиж а евентуалната победа ќе значи многу за „гладијаторите“ пред почетокот на разигрувањето за титулата кое следува набрзо.

Г.М.