Екипите на Охрид и Тинекс Пролет претрпеа порази пред своите гледачи во десеттата рунда од Супер лигата.


Ракометарите на Прилеп со 23-20 го совладаа Охрид додека во дербито на колото Зомимак со убедливи 25-18 славеше против „пролетерите“.

Во третиот натпревар од саботната програма Металург со минимални 28-27 триумфираше против Работнички.

Резултати : Охрид – Прилеп 20-23, Металур 2 – Работнички 28-27, Тинекс Пролет – Зомимак 18-25, Текстилец – Радовиш, Пелистер – Преспа.

Табела : Зомимак 30, Металург 2 24, Прилеп 19, Тинекс Пролет 15, Охрид 14, Радовиш 12 (-1), Пелистер 12 (-1), Работнички 10, Преспа 6 (-1), Текстилец 0 (-1).

Мх.П.