Во рамки на плејофот од машката ракометна Супер лига, денеска (сабота), РК Охрид во спортската сала „Билјанини извори“, ја пречекува екипата на Еурофарм Работник од Битола, која годинава бележи одлични резултати. Мечот започнува во 19 часот.
Домаќинот фаворитската улога ја препушта на гостите, но најави дека од напред нема да се предаде и ќе даде максимум во обид да оствари поволен резултат.
-Работник има по 2-3 играчи подеднакво добри на секоја позиција. Се засилија и во зимскиот период. Дека се моќна екипа покажа и дерби средбата во Битола кога Металург се спасуваше од пораз во последните моменти. Од друга страна нашиот рострер е потенок, но ние не се предаваме, ќе дадеме максимум и се надеваме на поволен резултат. – изјави капитенот Крсте Андоноски.
Ракометарите на Охрид ги повикаа навивачите во што поголем број да ја исполнат вечерва салата „Билјанини извори“ и да им помогнат во борбата со фаворизираниот противник.
OhridNews