Дерби натпреварот од 2 коло од плеј-офот во Супер лигата се игра вечерва во салата „Билијанини извори“ во Охрид каде „Гладијаторите“ ја пречекуваат екипата на актуелниот шампион и лидер во првенството Еурофарм Пелистер.

Охрид ослабен влегува во мечот. Шефот на струшниот штаб Стевче Алушовски денеска нема да може да смета на повредениот бек Орјоникидзе кој игра во одлична форма, рековалесцентот Бојаниќ, а под знак прашалник е и Мацуока. И покрај тоа домаќинот најавува голема борба за бодовите против големиот фаворит.

Натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Е. Пелистер почнува во 18 часот.

Г.М.