Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа во натпреварот со Тиквеш што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“. „Гладијаторите“ со моќно издание го демолираа противникот совладувајќи го со 40:20, полувреме 21:12.

Натпреварот од 4 коло од Супер лигата кој требаше да биде дерби се движеше во еден правец од почеток до крај. Чаневски со 17 одбрани беше одличен на голот на Охрид, одбраната цврста, нападот расположен. Тиквеш немаше одговор за таквата игра на домаќинот. Разликата растеше од минута во минута за на крај охриѓани да го завршат мечот со +20.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Никола Јукиќ со 9 гола, Гал Цирар постигна 5.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски (17 одбрани), Ѓорќески (2 одбрани), Ојлески 4, Андоновски, Мацуока 2, Јулиќ 9, Костов 2, Бура 4, Шафранко 4, Кукоски, Крстевски 1, Пешиќ 2, Кукуловски 1, Орјоникидзе 4, Бојаниќ 2, Цирар 5.

Охрид го демолира Тиквеш

Во следното коло кое на програмата е веќе во среда, Охрид и гостува на Струга во Езерското дерби.

Г.М.
Фото: А. Момироска