Охридските ракометари по поразот од Тинекс Пролет во првата рунда од пролетната полусезона ги загуби шансите за пласман во плејофот во Супер лигата.


Теоретски има уште, но не се воопшто реални, а „гладијаторите“ ќе ја кројат судбината на останатите тимови од елитата.


Пелистер и Металург 2 се борат за место на табелата кое носи во плејофот, а двете гостуваат во Охрид во следните натпревари од шампионатот.


Во охридскиот состав „спасот“ ќе го гледаат Пелистер, Металург 2, Тинекс Пролет па и Радовиш, кој нема да се сретне со „сините“.


Првиот меч во пролетната полусезона охриѓани ќе го одиграат в петок против Пелистер во 19 часот.

Фото : „24ракомет.мк“
Мх.П.