Ракометарите на Струга освоија важни три бодови во битката за опстанок во Супер лигата совладувајќи го тимот на Металург 2 на домашен терен со тесен резултат (24-23). На спротивната од Охридското езеро, „гладијаторите“ му го нанесоа првиот пораз на Металург победувајќи со 22-20 во дербито на колото.

Стружани, во зимскиот преоден рок се екипираа и дадоа збор дека нема да го остават клубот на цедило или пак да се пресели ранг подолу. За сега, добро им оди и работите се движат во позитивен правец. Во плеј аутот, Струга ја очекува жестока битка, а триумфот над Металург 2 влева голема самодовербата пред битката за опстанок.

Охридските ракометари на крилата од голманот Никола Даниловски му зададоа удар на Металург пред натпреварите во плејофот. „Гладијаторите“, успеаја да го добијат дербито со 22-20 и да бидат единствен тим во регуларниот дел од Супер кој не изгуби од Металург. За потсетување, првиот меч во Автокоманда заврши 29-29.

Резултати:

Охрид – Металург 22-20

Струга – Металург 2 24-23

Вардар Јуниор – Работнички

Бутел Скопје – Пролет 19-22

Радовиш – Пелистер

Табела: Металург 44, Охрид 43, Бутел Скопје 37, Пролет 35 ,Радовиш 25, Вардар Јуниор 21, Пелистер 17, Металург 2 7, Струга 7, Работнички 4

OhridNews