В среда, со почеток во 19 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, Ракометниот клуб Охрид ќе го пречека битолски Пелистер во дербито од 9-та рунда во Супер лигата.

Бодовите од дерби натпреварот се од исклучително значење за двата состави кои се борат за местата на табелата кои водат во разигрувањето за титулата во македонскиот ракометен шампионат.

Дуелот со „зелено белите“ е еден од двата важни мечеви за охридскиот клуб, бидејќи викендов кој доаѓа „гладијаторите“ ќе ги одмерат силите со Пролет кој славеше на стартот од сезоната.

Охриѓани го делат второто место на табелата со Бутел Скопје и Пелистер, додека неприкосновен лидер е составот на Еурофарм Работник.

OhridNews