Поради репрезентативните обврски на младинците натпреварот од првата рунда во плејаут лигата меѓу Работнички и Охрид е одложен.
Бодовите од овој натпревар се од исклучително значење за домаќинот, кој се бори за опстанок во Супер лигата со екипите на Текстилец и Преспа.
„Гладијаторите“ со 29-21 триумфираа над Работнички во Скопје во последното коло од регуларниот дел во Супер лигата.
Одложениот натпревар ќе се одигра следната недела, а датумот и часот дополнително ќе ги соопшти домаќинот.
Мх.П.