Победи во последната рунда од есенската полусезона покрај Охрид забележаа и неговите конкуренти за местата кои водат во плејофот.


На гостински терен во Скопје значаен триумф славеше Радовиш победувајќи го домаќинот Работнички 34-25.

Откако се консолидираше тимот на Пелистер ниже само победи. Овој пат од Битола поразен си замина Тинекс Пролет со убедливи 29-19.

Во дербито на колото лидерот Зомимак со 26-23 го совлада Прилеп и со триумф ја прослави есенската титула во Супер лигата.

Резултати : Охрид – Текстилец 42-11, Прилеп – Зомимак 23-26, Работнички – Радовиш 25-34, Пелистер – Тинекс Пролет 29-19, Металург 2 – Преспа 33-31.

Табела : Зомимак 42, Металург 2 30, Прилеп 28, Радовиш 24, Пелистер 24, Тинекс Пролет 21, Охрид 20, Работнички 13, Преспа 6, Текстилец 0.

Мх.П.