По победата над Текстилец во петтата рунда охридските ракометарите се зацврстија во горниот дел од табелата.
Со десет бодови „гладијаторите“ се наоѓаат на третата позиција, која гарантира пласман во разигрувањето за титулата.
В среда во „Билјанини Извори“ со почеток во 18 часот ракометарите на Охрид ќе се сретнат со Тинекс Пролет.
Минатата сезона скопските ракометари се извлекоа во Охрид победувајќи со еден погодок разлика.
Мх.П.