Охридските ракометари ја забележаа втората победа во Супер лигата сезонава совладувајќи го Радовиш со убедливи 29-19 (16-9) во четвртата рунда од националниот шампионат.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски одиграа натпревар за паметење на теренот од големиот противник Радовиш и сосема заслужено ги освоија бодовите.
Одбраната на чело со голманот Кирил Колев беше несовладива, а нападот рутински со максимална ефикасност ја „пумпаше“ разликата на семафарот.
Охриѓани атакот на целиот плен го најавија со серијата од 10-1 на стартот од дерби дуелот со ракометарите на Радовиш.
Домаќините направија и пробаа се во текот на мечот, но едноставно немаа одговор за првиот избор на голот од Охрид, Колев кој бранеше се и сешто.
Со трите бодови охриѓани стигнаа до шест вкупно со кои ја делат четвртата позиција на табелата со екипите на Вардар Јуниор, Борец и Тинекс Пролет.
Во петтата рунда од Супер лигата „гладијаторите“ ќе ги одмерат силите со битолски Пелистер во „Билјанини Извори“.
Мх.П.